македонски
9 Стартување и гаснење на моторот
9.1
Стартување на моторот
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
► Притиснете ја рачката-прекинувач за косење (1) кон
рачката за држење и држете ја притисната.
► Полека повлечете ја рачката на стартерот (2) со
десната рака додека не почувствувате отпор.
► Брзо повлекувајте и враќајте ја рачката на стартерот
(2) додека не се запали моторот.
► Ако моторот не се пали: Следете го упатството за
употреба на моторот.
9.2
Гасење на моторот
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
► Ослободете ја рачката-прекинувач за косење.
Моторот се гаси.
► Напуштете ја позицијата на корисникот.
708
9 Стартување и гаснење на моторот
10 Проверка на косилката за трева
10.1 Проверка на контролите
Рачка-прекинувач за косење и рачка-прекинувач за
погонски систем
► Изгасете го моторот.
► Повлечете ги рачката-прекинувач за косење и
рачката-прекинувач за погонскиот систем целосно во
правец на рачката за држење и потоа пуштете ги.
► Ако рачката-прекинувач за косење или рачката-
прекинувач за погонскиот систем е заглавена или не
се враќа во почетната позиција: Не користете ја
косилката за трева и обратете се кај овластен
дистрибутер за STIHL.
Рачката-прекинувач за косење или рачката-
прекинувач за погонскиот систем е дефектна.
10.2 Проверка на ножот
► Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Исклучете ја косилката за трева, @ 15.1.
► Измерете го следново:
0478-111-9848-A