Descargar Imprimir esta página

Stihl RM 248 T Manual De Instrucciones página 714

Ocultar thumbs Ver también para RM 248 T:
македонски
Транспортирање на косилката за трева во возило
► Прицврстете ја косилката за трева во исправена
положба, така што нема да се врти и движи.
14 Чување
14.1 Складирање на косилката за трева
► Изгасете го моторот и почекајте да се олади.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Складирајте ја косилка за трева на начин при кој се
исполнети следниве услови:
– Косилката за трева е вон дофат на деца.
– Косилката за трева е чиста и сува.
– Косилката за трева не може да се преврти.
Ако косилката за трева треба да биде складирана повеќе
од 3 месеци:
► Испразнете го резервоарот за гориво.
► Исчистете го резервоарот на гориво кај овластен
дистрибутер на STIHL.
► Променете го моторното масло, како што е наведено
во упатството за употреба на моторот.
► Отшрафете ја свеќичката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако рачката на стартерот се повлече со изваден
приклучок на свеќичката, искрата може да избега.
Искрите може да предизвикаат пожари и експлозии во
многу запаливи или експлозивни средини. Лицата може
да бидат сериозно повредени или да загинат и може да
се предизвика материјална штета.
► Држете го прикучокот на свеќичката подалеку од
отворот на свеќичката.
► Извлечете ја рачката на стартерот неколку пати и
вратете ја назад.
► Зашрафете ја свеќичката и цврсто затегнете ја.
712
15 Чистење
15.1 Легнување на косилката за трева
► Испразнете го резервоарот за гориво.
Моторот се гаси.
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
► Откачете ја корпата за искосена трева.
► Поставете ја висината на косење на позиција 1,
@ 11.2.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката (1).
► Држете ја рачката (2) и олабавете ги навртките со
копче (3).
► Ставете ја рачката (2) одзади.
► Отворете и држете ја клапната за исфрлање (4).
► Легнете ја косилката за трева на грб.
15.2 Чистење на косилката за трева
► Изгасете го моторот.
► Почекајте косилката за трева да се излади.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Исчистете ја косилката за трева со влажна крпа.
► Исчистете ги отворите за вентилација со четка.
► Легнете ја косилката за трева.
► Исчистете ја областа околу ножот и ножот со дрвен
стап, мека четка или влажна крпа.
14 Чување
0478-111-9848-A
loading

Este manual también es adecuado para:

Rm 253 t