4 Безбедносни упатства
– Ако се коси трева и искосената трева треба да се
собере во корпата за искосена трева: Корпата за
искосена трева е правилно прикачена.
– Ако се коси тревата и искосената трева треба да се
исфрла одзади: Корпата за искосена трева е извадена
и клапната за исфрлање е затворена.
– Ножот е правилно монтиран.
– На косилката за трева се прикачени оригинални
додатоци од STIHL.
– Додатоците се правилно монтирани.
– Механизмите со пружина се неоштетени и работат.
– Кога ќе ја пуштите рачката-прекинувач за косење,
моторот запира.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба, компонентите повеќе не
функционираат правилно, безбедносните уреди може
да бидат оневозможени и може да истекува гориво.
Лицата може да бидат тешко повредени или убиени.
► Работете со неоштетена косилка за трева.
► Ако од косилката за трева истекува гориво. Не
користете ја косилката за трева и обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
► Затворете го капачето на резервоарот за гориво.
► Ако од косилката за трева истекува моторно масло:
Не користете ја косилката за трева и обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
► Затворете го капачето на моторното масло.
► Ако косилката за трева е нечиста: Исчистете ја
косилката за трева.
► Не модифицирајте ја косилката за трева или
нејзините безбедносни системи.
► Не правете модификации на косилката за трева со
кои се менува моќноста или бројот на вртежи на
моторот со внатрешно согорување.
0478-111-9848-A
► Ако контролите не работат: Не работете со
косилката за трева.
► Механизмите со пружина може да ослободат
складирана енергија.
► Ако се коси трева и искосената трева треба да се
собере во корпата за искосена трева: Прикачете ја
корпата за искосена трева, како што е опишано во
ова упатство за употреба.
► На косилката за трева прикачувајте оригинални
додатоци од STIHL.
► Прикачете го ножот како што е опишано во ова
упатство за употреба.
► Прикачувајте ги додатоците како што е опишано во
ова упатство за употреба или во упатството за
употреба на додатоците.
► Не вметнувајте предмети во отворите на косилката
за трева.
► Заменете ги изабените или оштетени делови.
► Ако нешто не е јасно: Посетете овластен
дистрибутер на STIHL.
4.6.2
Нож
Ножот е во безбедна состојба доколку се исполнети
следниве услови:
– Нема оштетување на ножот и додатоците.
– Ножот не е деформиран.
– Ножот е правилно монтиран.
– Ножот е правилно наострен.
– Ножот не е изгребан.
– Ножот е правилно балансиран.
– Минималната дебелина и ширина на ножот не се
намалени од премногу острење, @ 19.2.
– Се придржувате до наведениот агол на острење,
@ 19.2.
македонски
699