македонски
► Отворете и држете ја клапната за исфрлање (1).
► Заглавете ја корпата за искосена трева (2) со рачката
(3) и закачете ја со куките (4) во отворите (5).
Клапната (6) мора да биде затворена.
► Поставете ја клапната за исфрлање (1) на корпата за
искосена трева (2).
6.2.3
Откачување на корпата за искосена трева
► Изгасете го моторот.
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
► Отворете и држете ја клапната за исфрлање.
► Со рачката, подигнете ја корпата за искосена трева
нагоре.
► Клапната за исфрлање се затвора.
6.3
Ставање моторно масло
Моторното масло го подмачкува и го лади моторот.
Спецификациите за моторното масло количината на
масло ќе ги најдете во упатството за употреба на
моторот.
УПАТСТВО
Кога косилката за трева се доставува, во неа нема
моторно масло. Палење на моторот со премалку или без
моторно масло може да ја оштети косилката за трева.
► Проверувајте го нивото на моторно масло пред секое
палење и, ако е потребно, наполнете моторно масло.
706
7 Ставање гориво во косилката за трева
► Полнете моторно масло како што е наведено во
упатството за употреба на моторот.
7 Ставање гориво во косилката за
трева
7.1
Ставање гориво во косилката за трева
УПАТСТВО
Ставање погрешно гориво во косилката за трева може
да ја оштети косилката за трева.
► Следете го упатството за употреба на моторот.
► Изгасете го моторот.
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
► Исчистете ја областа околу капачето на резервоарот
за гориво со влажна крпа.
► Вртете го капачето на резервоарот за гориво (1)
спротивно од стрелките на часовникот додека не го
извадите целосно.
► Извадете го капачето на резервоарот за гориво.
► Наполнете гориво така што останува простор од
најмалку 15 mm до работ на резервоарот за гориво.
► Ставете го капачето на резервоарот за гориво.
0478-111-9848-A