8 Прилагодување на косилката за трева
► Вртете го капачето на резервоарот за гориво во
насока на стрелките на часовникот и цврсто затегнете
го со рака.
Резервоарот за гориво е затворен.
8 Прилагодување на косилката за
трева
8.1
Расклопување на рачката
► Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
0478-111-9848-A
► Олабавете ги навртките со копче (1) ако се затегнати.
► Отворете ги држачите (2) и осигурете се дека каблите
(3) не се залепени.
► Цврсто затегнете ги навртките со копче (1).
Рачката (2) е цврсто поврзана со косилката за трева.
► Притиснете ја рачката-прекинувач за косење (4) кон
рачката за држење (2) и држете ја притисната.
► Полека повлечете ја рачката на стартерот (5) во
насока кон водилката за кабли (6).
► Прикачете ја рачката на стартерот (5) во водилката за
кабли (6).
► Ослободете ја рачката-прекинувач за косење (4).
► Повторно приклучете го приклучокот за свеќичката.
8.2
Склопување на рачките
За да се заштеди при транспортирање и складирање,
рачката за држење може да се преклопи.
► Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Ставете ја косилката за трева на рамна површина.
► Притиснете ја рачката-прекинувач за косење кон
рачката за држење и држете ја притисната.
► Полека повлечете ја рачката на стартерот од
водилката за кабли и вратете ја кон моторот.
► Ослободете ја рачката-прекинувач за косење.
► Држете ја рачката и олабавете ги навртките со копче.
► Преклопете ја рачката за држење нанапред.
македонски
707