Descargar Imprimir esta página

Stihl RM 248 T Manual De Instrucciones página 702

Ocultar thumbs Ver también para RM 248 T:
македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако не е во безбедна состојба, делови од ножот може
да се олабават и да излетаат. Може да дојде до тешки
телесни повреди.
► Работете со неоштетен нож и неоштетени додатоци.
► Правилно монтирајте го ножот.
► Правилно наострете го ножот.
► Доколку не се достигне минималната дебелина или
минималната ширина: Заменете го ножот.
► Избалансирајте го ножот во овластен дистрибутер
за STIHL.
► Ако нешто не е јасно: Посетете овластен
дистрибутер на STIHL.
4.7
Гориво и полнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Горивото што се користи за оваа косилка за трева е
бензин. Бензинот е исклучително запалив. Ако
бензинот стапи во контакт со отворен пламен или
топол предмет, бензинот може да предизвика пожар
или експлозија. Лицата може да бидат сериозно
повредени или да загинат и може да се предизвика
материјална штета.
► Заштитете го бензинот од топлина и пожар.
► Не истурајте бензин.
► Ако се истури бензин: Избришете го бензинот со
крпа и палете го моторот додека не се исушат сите
делови на косилката за трева.
► Не пушете!
► Не полнете гориво во близина на отворен оган.
► Пред да ставате гориво изгаснете го моторот и
почекајте да се олади.
► Ако резервоарот треба да се испразни: Правете го
тоа на отворено.
700
► Палете го моторот најмалку 3 m од местото на
полнење гориво.
► Никогаш не чувајте ја косилката за трева во
затворен простор со бензин во резервоарот.
■ Вдишување на испарувачки гасови од бензинот може
да предизвика труење.
► Не вдишувајте испарувачки гасови.
► Полнете гориво на добро проветрено место.
■ Косилката за трева за загрева кога работи. Бензинот
тогаш се шири, а во резервоарот за гориво може да се
зголеми притисокот. Ако капачето на резервоарот е
отворено, бензинот може да прска надвор. Бензинот
што прска може да се запали. Корисникот може
сериозно да се повреди.
► Оставете ја косилка за трева прво да се олади, а
потоа отворајте го капачето на резервоарот.
■ Облеката што доаѓа во контакт со бензинот е
позапалива. Лицата може да бидат сериозно
повредени или да загинат и може да се предизвика
материјална штета.
► Ако облека дојде во контакт со бензин: Соблечете ја.
■ Бензинот може да ја загади животната средина.
► Не истурајте гориво.
► Фрлете го бензинот во согласност со прописите и на
еколошки начин.
■ Ако бензинот дојде во контакт со кожата или очите,
може да предизвика нивна иритација.
► Избегнувајте контакт со бензин.
► Ако дојде во контакт со кожата: Измијте ги
погодените области на кожата со многу сапун и
вода.
► Ако дојде во контакт со очите: Исплакнете ги очите
со многу вода најмалку 15 минути и консултирајте се
со лекар.
■ Системот за палење на косилата за трева создава
искри. Во многу запаливи или експлозивни средини,
искрите може да излетаат и да предизвикаат пожари и
4 Безбедносни упатства
0478-111-9848-A
loading

Este manual también es adecuado para:

Rm 253 t